„Антикорупцискиот тим на СДСМ ја разоткри целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката. Голем, внимателно плетен систем во кој се поврзани политиката и бизнис интересите, соошшти на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ.
Тој го додаде и следново: „Овој енергетски „октопод“ на Мицкоски има длабоки и широки пипци.Од Душан Адамовиќ, функционер на СНС, навивач, човек со криминално минато и почесен конзул, преку офшор структури на Кипар води до „Руднап Груп“ на Војин Лазаревиќ, а се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска.
Потоа мрежата се шири:
Во Развојната банка, каде Мицкоски ја поставува Ефимија Димовска, сопруга на неговиот бизнис партнер во хидроцентралите . За секој бизнис потребна е банка
Во РЕК Битола, каде директор станува Иван Куковски, близок до семејството на Мицкоски и поранешен советник на Божиновска. Таму се контролира производството на струја.
И конечно – во Регулаторната комисија за енергетика, со изборот на Ацо Ристов каде се носат одлуките за цените.
Сите алки се на место: Од производство и увоз на струја, преку финансии, до регулација,“ рече Фрчковски.
Тој го потсети новиот Јавен обвинител дека поминаа три месеци немало никаква реакција за сериозни скандали и индиции за криминал кои биле јавно објавени од нив.
