Полицијата го пронашла скопјанецот, кој пред три дена со возило удри во малолетно девојче во населбата Капиштец и избегал од местото на несреќата.
Според информациите од МВР, сообраќајката се случила околу 13 часот на крстосницата меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и сервисната улица со „Народен Фронт“.
Возачот по ударот го напуштил местото на настанот, по што полицијата организирала потрага. Против упасениот ќе биде поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста во сообраќајот и за неукажување помош на повредено лице.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
