Европската народна партија, најголемата политичка група во Европа, побара специјално сослушување во Европскиот парламент за комесарката за проширување Марта Кос за обвинувањата дека соработувала со УДБА, поранешната тајната полиција на федеративна Југославија.
Кос во 2024 година ги негираше овие обвинувања за време на нејзиното сослушување, пред изборот во Парламентот. Но, обвинувањата повторно се појавија минатата недела, откако словенечката европратеничка Романа Томц, објави дека има нови докази за соработката на Кос со УДБА.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
