Иранскиот режим е ослабен, но нема да падне без копнена офанзива на курдските сили, изјави лидерот на курдската организација „Кабат”, Бабашеик Хосеини. Тој оцени дека американско-израелските напади сериозно го погодиле Техеран, но дека за конечен пад е потребна координирана акција на терен. Курдските групи најавуваат дека се подготвени да се вклучат во борбата и да ја урнат власта во Иран, но бараат појасна поддршка од САД. Во меѓувреме, Вашингтон испраќа нејасни сигнали за нивната улога во конфликтот, што создава неизвесност кај курдските лидери.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
