Додека Македонија се соочува со економска неизвесност, СДСМ наместо кон граѓаните, повторно е свртена кон себе. Наместо јасна опозициска стратегија, партијата тоне во внатрешни пресметки и меѓусебни обвинувања.
Судирот меѓу Петре Шилегов и Венко Филипче, со обвинувања кој повеќе „одработува” за ВМРО-ДПМНЕ, е само последниот доказ за длабоката криза.
Наместо навремени и соодветни политики во корист на Македонија, јавноста добива сдсмовски кавги.
Во таквиот внатрепартиски хаос и она малку што го испорачува Филипче како на пример предложените мерки околу ценовниот шок е збунувачко. Јавноста се прашува: Зошто истите идеи не беа прифатени – спроведени кога тие беа на власт? И тогаш имаше голема потреба од реакции.
Јавноста се погласно се прашува и дали ваков СДСМ кој е во хаос може да нуди решенија за иднина на земјата, особено што самите си најавуваат дека внатрешните поделби ќе се продлабочуваат.
Може ли СДСМ да се сврти кон потребите на граѓаните?
Додека социјалдемократите се занимаваат со сопствената партија, опозициски настроените гласачи се појавно укажуваат дека веќе гледаат кон други опции, а ако оваа состојба во СДСМ продолжи, не е исклучено други опозициски партии како на пример Левица да и „додели пензија”.
