Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител.
Савески, кој моментно е судија во Основниот кривичен суд – Скопје, за државен јавен обвинител беше номиниран од Владата на 10 март, а за да ја добие функцијата, потребни му се најмалку 61 пратенички глас. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, а по спроведената постапка, во која учествуваа петмина кандидати.
На дневен ред на денешната седница се и предлогот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. Комисијата за избори и именувања утврди предлог листа од двајца кандидати и тоа Cejфула Османи, доктор на правни науки со положен правосуден испит од Градец, Врапчиште и Apбер Исаку, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово.
Се очекува на дневен ред да биде ставен и предлогот Ацо Ристов да биде избран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. Комисијата за прашања на изборите и именувањата вчера го предложи Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи.
