Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»И денес како вчера – над 40 степени
    Скопје

    И денес како вчера – над 40 степени

    06/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а освежување се очекува од средината на следната седмица. Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

    За попладневните и вечерните часови денеска УХМР прогнозира локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

    Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 40 степени.

    Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени.

    Во понеделник и вторник ќе има локална појава на нестабилност, ќе дува умерен, а во западните делови од државата засилен ветер од југозападен правец.

    -Во среда и четврток ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура, а претежно во северните делови во среда ќе има локални врнежи од дожд, соопшти УХМР.

    Промената од среда ќе услови значителен пад на температурата така што во четврток и петок дневната температура ќе достигне 32 односно 33 степени.

    Поради високите температури, од петокот е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе препораки за заштита на населението кои ќе траат до вторник, 8 јули.

    Од работни обврски се ослободени бремени жени и лица постари од 60 години, но тоа не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

    Во препораките на Владата се и одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина; работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо; обезбедување микроклиматски услови за работа односно простории со температура до 25 степени Целзиусови, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку.

    Препорачано е и активирање планови за вонредни услови и сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

    -Мерките имаат цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност, посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека заедно со сите надлежни институции ќе продолжат со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

    Поврзани вести:

    Дел од општина Аеродром вечерва остана без улично осветлување

    Дел од општина Аеродром вечерва остана без улично осветлување

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница, МВР со апел до граѓаните

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница, МВР со апел до граѓаните

    Камениот мост во Скопје доби ново декоративно осветлување

    Камениот мост во Скопје доби ново декоративно осветлување

    Град Скопје ја зајакнува соработката со ГРЕКО во борбата против корупцијата

    Град Скопје ја зајакнува соработката со ГРЕКО во борбата против корупцијата

    Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница, изменето движењето кон гробиштата

    Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница, изменето движењето кон гробиштата

    Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre вечерва на прославата за 50 години Карпош

    Кирил Џајковски и DJ collective – Sempre вечерва на прославата за 50 години Карпош

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    40 степени жешко
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дел од општина Аеродром вечерва остана без улично осветлување

    07/11/2026

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница, МВР со апел до граѓаните

    07/11/2026

    Камениот мост во Скопје доби ново декоративно осветлување

    06/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.