Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»За првата група повредени во „Пулс“ заврши рехабилитацијата на Пониква
    Политика

    За првата група повредени во „Пулс“ заврши рехабилитацијата на Пониква

    05/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Првата група од 45 повредени лица во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани ја заврши рехабилитацијата во одморалиштето на МВР на планинскиот центар Пониква.

    На почетокот на идната недела ќе пристигне нова група која овде ќе добива двонеделна медицинска нега и физикална терапија, а ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои веќе им завршило лекувањето.

    -Во тек е дезинфекција на просториите во објектите каде престојуваа лицата, а се прска и против комарци, со што се прават подготовки за втората група повредени. Во план е во вторник тие да пристигнат на Пониква и да се сместат во одморалиштето, а веќе е подготвен и списокот за третата група за рехабилитација. Престојот на планина им годи на повредените млади луѓе и тоа позитивно влијае за нивната рехабилтиација – и физички и психички. Дел од нив продолжуваат со подготовки за полагање на испитите на факултетите, а оние кои претходно биле работно ангажирани веќе се чувствуваат подготвени да се вратат на своите работни места. Едно момче кое беше повредено во пожарот во „Пулс“ се пријавило на огласот да биде волонтер во Доброволното противпожарно друштво во Кочани, истакна Катерина Мирчовска, директорка на Општата болница со проширена дејност во Кочани

    За рехабилитацијата на повредените на Пониква се грижат лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип кои им ја обезбедуваат потребната здравствена нега и физиотерапевтските вежби. Речиси сите повредени спроведуваат физички активности и ги користат опремените спортски игралишта.

     

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Бојковска: Буџетот за 2027 е насочен кон економски раст, образование и подобар студентски стандард

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Продолжува расправата за Буџетот за 2027: Над 300 амандмани, власта и опозицијата со спротивставени ставови

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    Партијата на пензионери бара построги казни за корупција и целосна конфискација на имот

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    кочани пониква пулс
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план од 2,85 милиони денари за проблемот со кравите во Крива Паланка

    19/11/2026

    СДСМ бара целосна истрага за случајот со Росица: Одговорноста не е само кај полицајците

    19/11/2026

    Гаши ги укинува редовните паузи: Опозицијата ќе има два часа ефективни прашања

    16/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.