Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Дениз Ајдаревич за улогата во македонско-американскиот филм „Уште една игра“: Три месеци живеев како гејмер за да го изградам ликот
    Култура

    Дениз Ајдаревич за улогата во македонско-американскиот филм „Уште една игра“: Три месеци живеев како гејмер за да го изградам ликот

    13/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонско-американскиот филм „Уште една игра“ (One More Game), во режија на Ник Јансен, од 11 март се прикажува во скопското кино „Синеплекс“, а од 12 март е во редовна кино-дистрибуција низ Македонија. Денес, 13 март, филмот има премиера и во Битола.

    Станува збор за драма во времетраење од 1 час и 38 минути, наменета за публика над 12 години. Дистрибутер во Македонија е „Konstantin Film MKD DOOEL Skopje“. Филмот е снимен во 2023 година во Македонија со голема домашна екипа, со американски средства, во продукција на „Motion Creative“ од САД. Продуцент е Никола Китановски, сценариото и монтажата се на Јансен, а музиката ја потпишува Кирил Џајковски.

    Во актерската екипа настапуваат Александра Пешевска, Далиа Стоименова, Гоце Андонов, Јасмина Василева, Марија Јанчевска, Петар Маниќ, Ведран Чешарек, Жаклина Стефковска, Зефанаја Тери, Марјан Наумов, Тони Михајловски и Дениз Ајдаревич.

    Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево, кој сака да стане професионален гејмер. Неговата амбиција се судира со очекувањата на неговата мајка, а кога неговиот најблизок пријател добива шанса за проба во европски е-спорт тим, започнува борба што оди подлабоко од самата игра – борба за идентитет, амбиција и место во светот.

    Дениз Ајдаревич: Влегување во психологијата на е-спорт ривалот

    Меѓу ликовите што ја носат тензијата во филмот е Сликшот, лик кој го толкува Дениз Ајдаревич – карактер што претставува силна конкуренција во светот на е-спортот.

    Ајдаревич не го крие задоволството од учеството во проектот, а за Прва Скопска ТВ изјави:

    „Многу сум среќен што сум дел од филмот ‘One More Game’. Јас го играм ликот Сликшот, кој е еден вид негативец во приказната – лик што е исклучително добар во играта и знае како да ја користи својата вештина за да доминира над другите.

    Интересно е што јас приватно не сум гејмер, па за да го разберам ликот морав буквално да влезам во тој свет. Поминав речиси три месеци затворен, играјќи игри и обидувајќи се да ја почувствувам таа психологија – адреналинот, ривалството и опсесијата што може да ја има еден гејмер. Тоа многу ми помогна да го изградaм карактерот.

    Иако имам две сцени, тие се многу силни и ми дадоа простор да создадам впечатлив лик. За мене ова е навистина убаво актерско искуство и сум благодарен на продукцијата и на режисерот Ник што ми ја довери оваа улога.“

    Подготовката што ја опишува актерот говори за сериозен пристап кон улогата и обид да се разбере еден специфичен современ феномен – психологијата на дигиталната конкуренција. Неговиот лик ја отсликува темната страна на амбицијата и натпреварувачкиот дух, кои во светот на е-спортот често се изразени подеднакво силно како и во традиционалните спортови.

    Со оваа улога, Дениз Ајдаревич се позиционира како актер подготвен да вложи интензивна подготовка и лична трансформација за да создаде уверлив и впечатлив карактер, дури и во ограничен простор на екранот.

    Филмот зборува за млади луѓе што сакаат да успеат во светот на е-спортот. Но зад игрите има многу повеќе – амбиција, его, пријателства и конфликти. „One More Game“ покажува како виртуелната игра понекогаш станува многу реална животна борба – изјави актерот Ајдаревич.

    „Уште една игра“ продолжува со кино-проекции низ Македонија, носејќи приказна за младите генерации, дигиталната реалност и сонот да се успее во свет каде границата меѓу виртуелното и реалното станува сè потенка.

    Миа Огненова Монај

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    актер американски македонски филм
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    19/09/2026

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    18/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.