Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Новиот македонски филм „Охридски лудории“ тргнува во кино – премиери во Битола, Прилеп и Охрид
    Screenshot
    Култура

    Новиот македонски филм „Охридски лудории“ тргнува во кино – премиери во Битола, Прилеп и Охрид

    12/03/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Започнува премиерната турнеја на македонскиот игран филм „Охридски лудории“, фолк-мјузикл снимен на повеќе локации во Охрид и околината, со учество на бројни музичари и актери од домашната сцена.

    Првата премиерна проекција ќе се одржи вечерва (12 март) во 18:30 часот во Народниот театар во Битола. Веќе утре, на 13 март, филмот ќе биде прикажан во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, исто така со почеток во 18:30 часот. Охридската публика ќе има можност да го проследи филмот на 18 март во Центарот за култура „Глигор Прличев“, со почеток во 18:30 часот.

    „Охридски лудории“ е долгометражен проект инспириран од македонската фолк-сцена, во кој настапуваат познати естрадни имиња, меѓу кои Благојче Стојановски – Туше, Сања Барби, Дани Даниела, Ташко Каранфиловски и други, како и актерите Марјан Коцев и Жанко Голабоски.

    Филмот е идеја на Александар Тасевски, продукцијата и режијата се на „Централ продукција“, а организацијата ја водат Благоја Стојановски – Пикси и Хари Сековски. Проектот беше најавен кон крајот на 2024 година како прв домашен фолк-мјузикл од ваков тип, со амбиција да ја промовира македонската музика и естрада.

    По премиерите во овие три градови, најавени се и нови проекции во земјава, како и активности насочени кон публиката од дијаспората.

    Поврзани вести:

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    македонски филм мјузикл охрид
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Глобална женска лидерска конференција „Јас сум жена“ утре во Скопје

    13/11/2026

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    26/10/2026

    Резервниот состав на полицијата ќе изведува гаѓање со боева муниција во Охрид

    25/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.