Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Изложба „The Vlatko Stefanovski Experience” во Загреб – половина век кариера на легендарниот гитарист
    Македонцки КИЦ во Загреб ФОТО/ Фејсбук
    Култура

    Изложба „The Vlatko Stefanovski Experience” во Загреб – половина век кариера на легендарниот гитарист

    04/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пред многубројната хрватска публика во Македонскиот КИЦ во Загреб отворена е изложбата „The Vlatko Stefanovski Experience” во чест на 50-години кариера на легендарниот гитарист, објави на фејсбук страницата Центарот во Загреб.

    На изложбата, отворена вчера, е претставен избор на концертни фотографии кои евидентираат различни фази од кариерата на Стефановски потпишани од Ангел Ситновски, Стефан Рајхл, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ – автори кои со години го придружуваат Стефановски на неговите бројни настапи и турнеи во Македонија, Хрватска и пошироко.

    Покрај фотографиите, изложбата вклучува и промотивни материјали поврзани со соработката на Стефановски со „Теохаров аудио“, со кои заеднички ги дизајнираа познатите звучници „леџендари“ – технолошки и дизајнерски напредни уреди што добија голема популарност.

    Автор на изложбата е Ненад Георгиевски, познат по долгогодишната работа како музички новинар кој посетил огромен број концерти, направил интервјуа со големи музички ѕвезди, а голем дел од интервјуата ги објавил за значајни светски музички медиуми. Според Георгиевски, „Влатко е уметник кој постојано докажува дека звукот може да биде и емотивен компас и културен идентитет“.

    -Изложбата ја отвори директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, м-р Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека , „низ објективот на овие фотографи, се отвора единствена визуелна архива која ја следи солистичката кариера на Влатко Стефановски – од раните соло настапи, преку бројните музички соработки, па сè до денешните концерти кои продолжуваат да ја пленат публиката со својата виртуозност и изразена емоција“, се вели во објавата од Македонскиот КИЦ во Загреб.

    Бројната публика преку видео снимка ја поздравил и легендарниот гитарист, Влатко Стефановски.
    На отворањето на изложбата присуствувале Маријана Петир, пратеничка во Собранието на Р. Хрватска, Горан Божиновски, вршител на работите во македонската амбасада, протоереј ставрофор Кирко Велински, парохиски свештеник на Македонската православна црква во Хрватска, претставници на државната и локалната самоуправа во Република Хрватска, Зорица Велиновска, член на Советот за национални малцинства и заменик на Советот на македонското национално малцинство во градот Загреб, претставници на Заедницата на Македонците во Хрватска, претставници на дипломатскиот кор во Република Хрватска, истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб, бројни загрепчани како и Македонци кои живеат, односно работат или се школуваат во Загреб. 

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    влатко стефановски изложба
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    19/09/2026

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    18/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.