Започна тридневна акција за чистење на пешачките и велосипедските патеки на булеварот „Александар Македонски“ во скопската општина Гази Баба.
Акцијата ја спроведува ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Во рамки на активностите се врши рачно и машинско метење, како и миење на патеките долж булеварот.
Целта е да се обезбеди побезбедно и непречено движење на пешаците и велосипедистите. Активностите се реализираат во координација со ЈП „Паркови и зеленило“.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
