Во Драмски театар денеска се одржа првата проба на претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски, соопштија од театарот.
„Мачкина глава“ е драмски текст на проф. д-р Венко Андоновски – романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар и теоретичар на литературата и културата, чии дела се играни пред преполни сали и чести добитници на домашни и меѓународни награди.
Директорот Роберт Вељановски рече дека актерите од Драмски, внимателно одбрани за оваа продукција, ќе имаат чест да ја играат премиерата на „Мачкина глава“ на 21 април, во рамки на централната прослава по повод 80-годишнината на Драмски театар – Скопје.
Режисерот Пројковски и авторот Андоновски истакнаа дека имаат голема доверба во актерскиот ансамбл и уметничкиот тим. Андоновски пред актерите изјави: „Знам дека можете сѐ. Како автор, тука сум со вас и ќе бидам дел од процесот“.
Уметничкиот тим вклучува:
-
сценограф Валентин Светозарев,
-
костимограф Марија Пупучевска,
-
музика на Горан Трајкоски,
-
инспициент Жарко Намичев,
-
суфлер Милка Анчевска.
Во претставата ќе настапат:
Рубенс Муратовски, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Сара Климоска, Игор Ангелов, Сања Арсовска, Златко Митрески и Предраг Павловски.
Премиерата на „Мачкина глава“ е втора претстава од годишната програма на Драмски театар за 2026 година, поддржана од Министерството за култура и туризам.
