Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Македонски и скандинавски дизајнери со заедничка изложба за одржлива мода на Моден викенд Скопје
    Култура

    Македонски и скандинавски дизајнери со заедничка изложба за одржлива мода на Моден викенд Скопје

    09/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Скопје кон крајот на март ќе стане точка на средба на нордиската и македонската модна сцена. Од 21 до 30 март во „Дајмонд ареа спејс“ ќе се одржи меѓународната дизајнерска резиденција „Зелена и одржлива мода: Нордиско-балтичка приказна“.

    Десет дизајнери од Норвешка, Шведска, Финска, Литванија и Македонија ќе работат заедно на креации инспирирани од одржливоста – не како тренд, туку како сериозен пристап кон иднината на модата.

    Финалните дела ќе бидат претставени од 27 до 29 март, во рамките на Моден викенд Скопје.

    Од македонската сцена ќе се претстават Андреа Атанасова, Ивона Мицановска, Ева Давкова, Марија Роглева и Солза Поповска, а менторка на резиденцијата е Ирина Тошева.

    Организаторите велат дека идејата е едноставна – да се создаде простор за размена на искуства, идеи и нови решенија во време кога модната индустрија сè повеќе се соочува со прашањето за одговорност кон животната средина.

    Проектот е инициран од Амбасадата на Шведска во Скопје, во партнерство со амбасадите на Литванија, Данска, Финска и Норвешка, како и Македонското модно здружение, со поддршка од Нордискиот совет на министри.

    „Модните дизајнери отсекогаш биле двигатели на промени. Со оваа иницијатива сакаме да поттикнеме поголема одржливост во индустријата“, изјави шведската амбасадорка Ола Сулстром.

    Со оваа резиденција, Скопје станува дел од поширока европска приказна за мода што размислува однапред.

    Поврзани вести:

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    дизајн македонија моден дизајн скандинавија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Набуко“ од Верди на 30 октомври на сцената на Националната опера и балет

    26/10/2026

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Дмитро Хорига доби дозвола да игра за Македонија, прв натурализиран репрезентативец во ерата на Лазаров

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.