Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Војната ги тресе светските енергетски пазари: Цените на нафтата со најголем неделен раст во историјата
    Свет

    Војната ги тресе светските енергетски пазари: Цените на нафтата со најголем неделен раст во историјата

    07/03/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Војната меѓу САД и Израел против Иран влезе во осмиот ден ден. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека операциите дури сега влегуваат во нова фаза. Тој порача дека Вашингтон е подготвен за подолг конфликт и дека притисокот врз Иран ќе продолжи.

    Ова е една од причините што цените на нафтата на светските пазари бележат драматичен раст. Американската сурова нафта оваа недела го забележа најголемиот неделен скок во историјата. Стравувањата од сериозни нарушувања во глобалното снабдување со енергенси се големи.

    Дополнителна неизвесност предизвика изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој побара безусловна капитулација на Иран. Според економските аналитичари, ваквите пораки го зголемуваат ризикот од долготраен конфликт што може сериозно да ги потресе светските пазари на нафта и гас.

    Терминските договори за американската сурова нафта Вест Тексас Интермидиет (WTI) пораснаа за повеќе од 12 проценти и достигнаа цена од околу 91 долар за барел. Истовремено, цената на референтната нафта Брент се искачи на речиси 93 долари за барел.

    На неделно ниво, американската нафта поскапе за повеќе од 35 проценти, што е најголем раст од почетокот на тргувањето со термински договори во 1983 година. И нафтата Брент бележи огромен скок од околу 28 проценти, најголем од 2020 година.
    Енергетските пазари дополнително ги вознемири ситуацијата во Ормускиот теснец. Станува збор за една од најважните поморски рути за транспорт на нафта во светот. Војната речиси целосно го парализираше сообраќајот на танкерите низ овој теснец.

    Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Кааби предупреди дека цената на нафтата би можела да достигне и 150 долари за барел. Тој предупреди дека ваквиот развој на настаните може да предизвика сериозни потреси во светската економија.

    Во меѓувреме, неколку земји од регионот веќе се соочуваат со проблеми во производството. Ирак го запре производството од околу 1,5 милиони барели дневно, додека Кувајт почна да го намалува производството поради недостиг од складиштен простор.

    Американската администрација најави и програма од 20 милијарди долари за осигурување на нафтените танкери во Персискиот Залив. Сепак, оваа мерка засега не успеа значително да го смири пазарот.

    Аналитичарите предупредуваат дека доколку Ормускиот теснец остане затворен, глобалното производство би можело дополнително да се намали. Според проценките на банката Џеј-Пи Морган, намалувањето може да достигне и шест милиони барели дневно.

    Растот на цените веќе се чувствува и кај потрошувачите. Во Соединетите Американски Држави, цената на бензинот за само една недела порасна за речиси 27 центи. Се очекува од следната недела и во европските држави да се зголемуваат цените на бензините и дизелот.

    И Македонија постои загриженост околу ситуацијата на светските енергетски пазари. Иако властите смируваат дека државата располага со доволни резерви на нафтени деривати, евентуалното продолжување на кризата на Блискиот Исток може индиректно да се одрази и врз домашните цени на горивата. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата веќе разгледува механизми за ублажување на можниот ценовен шок. Според него, доколку дојде до посериозен раст на цените на светските пазари, државата ќе интервенира со мерки за да се заштитат крајните потрошувачи.

    Поврзани вести:

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    Г7 ќе ослободи до 100 милиони барели нафта и дизел за стабилизација на цените

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Трагедија во Србија: Пронајдени делови од тело на жена во замрзнувач, синот приведен

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    Голем пожар избувна во историскиот дворец „Милер“ во Санкт Петербург

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    војна иран нафта рекордна цена сад
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    (Видео) Со воен авион и свечена поворка: Софија ги пречека останките на цар Самуил

    03/10/2026

    Ноќва целосно се затвора дел од солунската обиколница поради „Флајовер“

    03/10/2026

    Двајца мажи загинаа во пожар во близина на Белград

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.