„ЕВН Македонија“ на Археолошкиот музеј му отстапи парцела на локалитетот Тумба Маџари.
На потпишувањето на договорот беа присутни министерот за култура и туризам Зоран Љутков, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Волфганг Мајер, и директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Магдалена Манаскова.
„Локацијата што денес се отстапува за долгорочно користење – во рамките на археолошкиот локалитет Тумба Маџари – станува дел од живата мрежа на научна работа, теренски истражувања, едукација и развој. Од денес локалитетот Тумба Маџари добива нова перспектива“, соопштија од Археолочкиот музеј.
Министерот Љутков упати голема благодарност до ЕВН Македонија и до австрискиот амбасадор за континуираната соработка во областа на културата.
