Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Ангелов: Не очекува тешко лето со многу пожари за гаснење
    Стојанче Ангелов - директор на ДЗС
    Политика

    Ангелов: Не очекува тешко лето со многу пожари за гаснење

    03/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините Прилеп, Валандово, Богданци, Старо Нагоричане, Македонски Брод и други локации, изјави на прес-конференција Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС).

    Во првите три денови од овој месец регистрирани се 43 пожари на отворен простор, нагласи Ангелов.

    „Упатувам апел до поголемиот број македонски граѓани кои што имаат свои викендици или стари куќи во делумно или целосно напуштени села, да се погрижат за нивните дворови. Во валандовско постоеше опасност да изгорат неколку куќи во кои сеуште живеат возрасни луѓе кои го запуштиле дворот и им изникнала трева повисока од еден метар со што пожарот можеше да дојде до нивниот праг и куќите да ги запали. Апелирам граѓаните да ја искосат тревата и на тој начин ќе ни помогнат во гаснењето на пожарите бидејќи со вакво темпо и според прогнозите најверојатно ќе имаме многу тешко лето со многу пожари за гаснење и нашиот фокус наместо кон гаснење на пожарите ќе треба да биде кон одбрана на населените места“, истакна Ангелов.

    Од ДЗС информираа дека дирекцијата во овој момент има еден функционален Ер-трактор, вториот Ер-трактор со завршување на сервисирањето треба да пристигне следната недела, а за третиот Ер-трактор неможе да се даде точна информација.

    „Сакам да ја известам јавноста дека благодарение на премиерот и Владата, платата на вработените  во авио-одделението во ДЗС е двојно зголемена и тоа ќе биде мотивирачки фактор вработените да останат да работат во ДЗС. Воедно ги повикувам на разговор пилотите што имаат професионална дозвола за летање, а не се ангажирани, да дојдат на дообука и да се стекнат со дозвола за Ер-трактор“, посочи Ангелов.

    На прес-конференција во ДЗС, директорот Ангелов информира за надлежностите на Дирекцијата и работата на внатрешната инспекција и инспектори чиј вкупен број е 15, а потребно е да бидат 35, проблем кој во наредниот период ќе се решава.

    „Ги повикувам сите граѓани и посебно земјоделците да не палат огнови на отворено, да не се палат стрништа, да не се пали сувата трева, да не се палат пасиштата, да не се палат грмушки. Да се почитуваат правилата за движење низ шуми бидејќи движењето не е забрането, само е потребна најава и дозвола за движење низ шумите“, појасни Ангелов.

    Од ДЗС потврдија дека во случај на кризна состојба ќе бидат употребени и специјални возила транспортери за гаснење на пожари кои ќе бидат препознатливи и со црвена боја. 

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    ангелов пожари
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ: Кузеска ја призна работата на Владата за македонскиот идентитет

    03/10/2026

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    02/10/2026

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    30/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.