Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Дамите бираат“ во МНТ: Дац и Александар најавуваат петчасовна музичка вечер со изненадувања
    Култура

    „Дамите бираат“ во МНТ: Дац и Александар најавуваат петчасовна музичка вечер со изненадувања

    25/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

     Драган Спасов-Дац и Александар Митевски најавија вистински музички маратон пред концертите „Дамите бираат“, кои ќе се одржат на 6 и 7 март во Македонскиот народен театар (МНТ), во пресрет на 8 Март. Дуото откри дека интересот бил огромен и можеле да закажат уште неколку термини, но одлучиле засега да останат на два концерта.

    „Можевме да имаме и трет, и четврти, и петти концерт, но рековме да застанеме тука. Ќе има уште една прилика – на 18 јуни, кога ќе настапиме на отворањето на летната сцена ‘Славиша Кајевски’“, најавија тие.

    Според Дац, вечерта ќе биде поделена во три сегменти и ќе понуди повеќечасовна програма. Настанот започнува со прием во фоајето на МНТ, каде публиката ќе ја пречека диџејот Миле Џолев. Потоа следува централниот концертен дел со бендот „Дрим тим“, а по официјалниот настап, дружбата продолжува со коктел и музика во фоајето, каде на клавијатури ќе настапи нивниот соработник Јоргуш.

    „Од 20 часот па сè до околу еден по полноќ ќе има постојана програма. Ќе биде динамично, спонтано и живо – како што нè познава публиката“, рече Спасов, потенцирајќи дека траењето на концертот ќе зависи од атмосферата и интеракцијата со посетителите.

    Митевски откри дека на сцената ќе има 16 до 17 музичари, а покрај авторските песни на дуото, ќе се изведуваат и познати хитови и евергрини. Публиката може да очекува и специјални гости, чии имиња засега остануваат изненадување.

    „Концертите ќе бидат круна на она што го градиме изминатите години. Овој проект го носиме со љубов и сакаме вечерта да биде празник посветен на жената и љубовта“, рече Митевски.

    Спасов додаде дека иако е пред пензија, проектот „Уште ми фалиш“ му дава нова енергија и мотивација.

    Директорот на МНТ, Никола Кимовски, истакна дека за него е најважно театарот да биде дом на квалитетни културни настани, без разлика дали станува збор за театарска претстава или концерт.

    „Како студент ги гледав претставите на Дац, а како тинејџер растев со музиката на Александар Митевски. За мене е чест што МНТ е домаќин на овие концерти“, изјави Кимовски.

    Во меѓувреме, дуото ја промовира и својата прва винил-плоча „Уште ми фалиш“, која може да се нарача онлајн, потпишана од авторите.

    Со богата сценска продукција, бројни музичари и неколкучасовна програма, „Дамите бираат“ ветува концертно искуство што ќе ја одбележи мартовската културна понуда во Скопје.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    дац концерт мнт музика претстава
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.