Утрово на граничниот премин Блаце беше уапсен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, со што се отвора можност за нови сознанија во истрагите поврзани со неговото работење.
Јавноста одамна очекува одговори од овој човек околу бројни афери кои кружеа низ медиумите, кои ја тресеа македонската сцена за време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Дали Груби е подготвен отворено да зборува, особено сега кога такаречи доброволно дојде на граница по долгото бегство, останува да се види, особено околу нови сознанија за постапки и договори поврзани со лица од поранешната власт, пред се со Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и други… ќе дознаеме наскоро.
Груби беше баран со меѓународна потерница откако во декември 2024 година ја напушти земјата за да избегне соочување со истражните органи.
Како поранешен потпретседател на владата формирана од СДСМ и ДУИ, и како десна рака на Али Ахмети тој важеше за исклучително влијателна фигура во клучни политички процеси и одлуки од кои некои беа контроверзни.
Беше познат е по арогантниот стил на комуникација, а отиде до таму што дури и играше фудбал и кошарка во својата огромна канцеларија која ја плаќаше народот.
По приведувањето, тој е спроведен во притворското одделение во затворот „Шутка”.
