Двајца дрски разбојници ограбиле жена средеулица во Аеродром. Од МВР информираат дека сторителите се откриени и дел од украдените предмети се најдени и вратени на жената.
Имено, полицијата поднесе кривична пријава против еден 25-годишник и уште помлад 18 годишник од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба” на дрзок начин. Тие се сомничат дека рано утрото на 10.02.2026 на подрачјето на општина Аеродром пресретнале 53-годишна жена и и одзеле ранец во кој имало пари, документи, мобилен телефон и други предмети. Дел од предметите се пронајдени и вратени на оштетената.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
