Монодрамата „Последниот час на Његош”, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар, на 28 февруари.
По текст на Слободан Томовиќ и во режија на Благоја Ераковиќ, монодрамата во која ликот на Петар II Петровиќ Његош, ја игра Маруновиќ, досега е изведена повеќе од 1.500 пати на театарските сцени низ светот.
Премиерно е изведена на 19 мај 1988 година во Црногорското народно позориште.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
