Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Имале визија, имале знаење: Пред 81 години основан Македонскиот народен театар
    Култура

    Имале визија, имале знаење: Пред 81 години основан Македонскиот народен театар

    31/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Документот издаден од страна на Президиумот на АСНОМ пред 81 години на денешен ден, 31 јануари 1945 година носи број 581/45, и по форма не е многу различен од бројните други кои што ги издавала оваа прва македонска влада во ослободената Македонија. Но, сепак, беше документот е многу важен акт. Односно – историски!

    Во него е впишано основањето на Македонски народен театар, акт со кој – театар на македонски јазик – стана реалност. Сонот и желбите на генерации и генерации желбата на актерите, режисерите, авторите, сценографите, костимографите, сценските работници и публиката, беше остварен. Тогаш и почна културната мисија на МНТ која што трае и ден денешен и стана еден од темелите на македонската култура.

    За директор бил поставен Димитар Ќостаров како режисер и директор на Драмата, а Илија Милчин е актер, режисер и секретар – драматург. Тука беа и актерите: Тодорче Николовски, Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков. Како сценографи беа Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо — сценографи. Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).

    А потоа, набрзо, во април следела и првата премиера. „Колку е блиску сонцето…“ биле први зборови на народен македонски јазик кои таа вечер на 3 април 1945 година одекнаа во салонот на тетарската зграда на левиот брег на Вардар во Скопје. Репликата од театарската претстава „Платон Кречет“ означи и официјален почеток на работата на Македонскиот народен театар. Зборовите коишто ги изговори младата актерка Вера Вучкова означија почеток на делувањето на новиот театарски ансамбл од чии штици почнува да се слуша македонскиот јазик и на кој се изведувани врвни дела на театарската уметност. Остана забележано дека режисерот на претставата бил Димитар Ќостаров, преводот на Блаже Конески, сценографија на Тома Владимирски, а актери биле Илија Милчин, Илија Џувалековски, Крум Стојанов, Гордана Аќимовиќ, Тодор Николовски…

    Инаку, претходно, за основоположници на театарот во Македонија се сметаат Јордан Хаџи Константинов–Џинот, драмски писател, преродбеник и учител, Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер, како и актерите Петре Прличко и Димче Трајковски. Тие со своите патувачки трупи и групи правеле театар на отворено, по кафеани, во општински згради и разни импровизирани простори.

    култура македонски театар основање премиера
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Оставка на меѓународното жири на Венецијанското биенале поради враќањето на Русија

    01/05/2026

    Повеќе од 700 уметници од 24 држави на овогодинешното „Охридско лето“

    26/04/2026

    Скопје мора да биде Град на културата секој ден, а не само една година како Европска престолнина на културата

    25/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.