Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»Филипче: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ
    Некатегоризирано

    Филипче: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

    26/06/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик.

    -Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?, праша Филипче.

    Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот јазик како рамноправен, без какви било условувања.

    -Ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од францускиот предлог, и од документи од Европската унија, и заклучоци донесени тука, во Собранието, во 2022 година. Првиот документ се заклучоците на ЕУ за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, без никакви услови за јазикот и идентитетот.

    Понатаму, самата Преговарачка рамка, каде македонскиот јазик е експлицитно наведен, без никакви додавки, ѕвездички или фусноти. И потпишаниот договор со ФРОНТЕКС – на чист македонски јазик, рече Филипче.

    Тој предупреди дека за првпат постои реален ризик во Европскиот парламент да помине извештај со нејасно означување на македонскиот јазик.

    -Во Европскиот парламент, за првпат има сериозен ризик да помине извештај во кој што јазикот некако дополнително се означува. Ние направивме силна кампања во 2022 година. Тогаш беше едностран, напишан тој извештај од тогашниот известувач за Македонија – тоа беше бугарскиот европратеник Ќучук, кој што го запревме, рече Филипче.

    Тој подвлече дека било какви измени што би довеле до нови условувања или дополнувања пред македонскиот јазик се директно спротивни на собраниските заклучоци.

    -Поради тоа што таква додавка пред македонскиот јазик и нација оди спротивно на заклучоците кои што ова Собрание ги донело – а тоа е дека во ниту еден контекст, во ниту еден момент, ниту за јазикот, ниту за културните, ниту за историските одредници – никој нема право да преговара. За јазикот никогаш не се преговарало. Тоа биле нашите црвени линии. И затоа е таков – чист – јазикот: без фусноти, без додавки, без ништо. И таков е и така е во буквално сите документи, рече Филипче.

    На крај, тој апелираше до премиерот за итна институционална реакција и координација.

    -И последната работа – во однос на тоа што сега се случува во Европскиот парламент: тогаш, премиере, ни треба сериозна координација на ниво на Парламентот. Сите институции да ги обединиме силите за таков амандман да не помине во Европскиот парламент. Поради тоа што веќе се содржи во сите документи кои што ги гласало ова Собрание – дека таква работа не смее да се случи, истакна Филипче.

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.