„Дипломатската изолација на Мицкоски се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните. Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан“, се посочува во соопштението од СДСМ.
Ова, според Партија, покажува колку Мицкоски му слугува на Орбан во ширењето на неговото политичко и бизнис влијание.
„Во оваа насока е и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор. Ова не е инвестициски успех, туку политички проект за преземање контрола врз стратешки сектори како телекомуникациите и медиумите, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што го изолираат регионот од ЕУ.
Сопственици на провладините портали кои се дел од медиумскиот октопод Алфа-Алта во најголем дел се од Унгарија и директно поврзани со Орбан.
СДСМ веќе два месеци предупредува за планот на ВМРО за преземање контрола врз стратешките сектори и пред се во медиумите и тој план станува сè поочигледен“, соопштија од СДСМ
