Полицајка при Секторот за внатрешни работи Штип е под соменавање дека открила службена тајна. Имено, Одделот за внатрешна контрола при МВР поднел кривична пријава против приправничка во полицијата, откако било утврдено дека на 10 јули 2025 година ја открила операцијата со дрон за едно лице користејќи го телефонскиот број на својот брат. Операцијата била службена тајна, а тајноста е клучна за безбедноста и успешноста на полициските акции.
„Со ваквото постапување, кое може да предизвика штетни последици за службата, пријавената сторила кривично дело оддавање службена тајна.
Истовремено, против неа ќе биде поведена и дисциплинска постапка”, стои во соопштението од Одделот за внатрешна контрола.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
