„Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија. Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Иран, Русија… Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработката на визи”, изјави на денешната прес-конференција Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.
Тој додаде дека СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на власта загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
