Голем интерес пријавиле меѓународните инвеститори за новата Еврообврзница од 1 милијарда евра што ја издадe Македонија. Eврообврзница е емитувана во две транши од по 500 милиони евра. Првата е со рок на отплата од четири, а втората со рок на враќање од 8 години.
Од Министерството за финансии велат дека фактот што успешно е пласирана осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање било постигнато пред повеќе од дваесет години.
Со оваа Еврообврзница ќе се изврши исплата на претходната издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, а останатите средства ќе се користат за реализација на развојни проекти.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
