Коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија” денеска го врати мандатот за состав на влада, веднаш откако го доби од претседателот на државата Румен Радев. Претходно неделава, и од ГЕРБ-СДС, исто така веднаш го вратија мандат по неговото примање.
Согласно Уставот, претседателот Радев сега треба да го додели третиот и последен мандат на некоја од останатите парламентарни групи за да посочи кандидат за премиер.
Речиси сите партии во парламентот веќе се изјаснија дека нови избори се
единственото решение. Дел од партиите дури го нарекоа сегашниот состав
на Собранието „апсолутно нелегитимен”. Ова ќе бидат осми по ред парламентарни избори во Бугарија од 2021 година наваму.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
