Етнолошко-документарниот филм „Хембој”, во продукција на Музејот на Македонија, ја освои наградата од публиката за најдобар документарен филм на „TEФ фест Крк” – меѓународен фестивал за туристички и етнофилмови кој се одржува во Хрватска.
Филмот триумфира меѓу 72 селектирани остварувања од вкупно 127 пријавени од целиот свет. Авторство на филмот е на етнологот Елизабета Конеска и ова и е второ освоено гран при за филм. Таа е автор на сценариото, режијата и камерата, додека монтажата е на Блаже Дулев.
„Хембој” е филм за единствениот бојаџиски занает во старата скопска чаршија. Три генерации од семејството Незири го водат дуќанот речиси 50 години, а го презеле од семејството Бојаџиеви. Сниман е во текот на 2014-2015 година и речиси десет години подоцна, во 2023 година.
