Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Дали Гренланд е следна цел на Трамп? Данска вознемирена
    Свет

    Дали Гренланд е следна цел на Трамп? Данска вознемирена

    04/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Се зголеми загриженоста за Гренланд, автономна територија во рамките на Кралството Данска, откако членови на движењето МАГА на Трамп почнаа отворено да коментираат на социјалните мрежи за можноста за негово преземање од страна на САД, пренесува Индекс.хр.

    Дополнителни тензии предизвика објавата на Кејти Милер, десничарска подкастерка и сопруга на Стивен Милер, моќниот заменик-шеф на кабинетот на Трамп за политика. Доцна синоќа, таа сподели мапа на Гренланд на социјалната мрежа X со американско знаме поставено над неа, заедно со краток коментар: „НАСКОРО“.

    Објавата, која дојде само неколку часа по воената операција на САД во Венецуела и апсењето на Мадуро, во Данска се оценува како провокација и закана за анексија.

    Данскиот амбасадор во САД, Јеспер Молер Серенсен, реагираше на објавата, нарекувајќи ја „пријателски потсетник“ за долгогодишните одбранбени врски меѓу двете земји.

    Гренланд е автономна територија во рамките на Кралството Данска, членка на Европската Унија, со сопствена влада. Островот е стратешки исклучително важен за одбраната, но и за потенцијалните минерални ресурси.

    Трамп повеќепати јавно изјавуваше дека САД „мора да го имаат Гренланд“, не исклучувајќи ја употребата на воена сила. Минатата година, тој го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. Ландри му се заблагодари на Трамп за назначувањето, наведувајќи дека е „почестен што служи за Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави“.

    Данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, претходно заеднички изјавија дека границите и суверенитетот на државите се засноваат на меѓународното право.

    – Веќе го кажавме ова јасно, а го повторуваме и сега: не можете да анектирате друга земја. Дури ни со аргументот за меѓународна безбедност“, рекоа Фредриксен и Нилсен.

    Иако мнозинството од приближно 57.000 жители на Гренланд сакаат независност од Данска, анкетите покажуваат дека тие не сакаат да станат дел од Соединетите Американски Држави. Гренланд има право еднострано да прогласи независност од 2009 година.

    Во мај лани, американскиот претседател изјави за Ен Би Си дека не ја исклучува употребата на сила.

    – Не исклучувам ништо. Ни треба Гренланд многу, многу, рече Трамп, додавајќи дека станува збор за меѓународната безбедност.

    Поради сè почестите закани, данското воено разузнавање минатиот месец ги означи Соединетите Американски Држави како безбедносен ризик за прв пат, што се смета за драматична промена во трансатлантските односи.

    Џенифер Кавана, директорка за воена анализа во тинк-тенкот „Приоритети за одбрана“, предупреди дека заканите на Трамп веќе не можат лесно да се отфрлаат.

    – Веќе не ми е јасно кој би можел да ги спречи САД да испратат неколку стотици или илјадници војници во Гренланд, изјави Кавана.

    Поврзани вести:

    Гром удри во авион на „Ер Србија“, откажан повратниот лет од Мостар

    Гром удри во авион на „Ер Србија“, откажан повратниот лет од Мостар

    Данска спречила атентат врз украинско-американски рапер, властите тврдат дека траги водат до Русија

    Данска спречила атентат врз украинско-американски рапер, властите тврдат дека траги водат до Русија

    Белградскиот градоначалник Шапиќ обвинет за тешка телесна повреда на советничка

    Белградскиот градоначалник Шапиќ обвинет за тешка телесна повреда на советничка

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Пентагон откри: Војната со Иран досега ги чинела САД 48,3 милијарди долари

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трамп не брза со напад врз Иран: Одлуката ќе падне по Нова година

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    Трагедија во Солун: 21-годишник почина по пад од Белата кула

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    гренланд данска доналд трамп
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Гром удри во авион на „Ер Србија“, откажан повратниот лет од Мостар

    21/11/2026

    Данска спречила атентат врз украинско-американски рапер, властите тврдат дека траги водат до Русија

    20/11/2026

    Белградскиот градоначалник Шапиќ обвинет за тешка телесна повреда на советничка

    20/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.