Жестока пресметка во Италија на две групи странски државјани од Македонија и Албанија. Еден 27-годишен Македонец завршил во болница со тешки повреди. Полицијата привела 11 лица.
Немилиот настан се случил во градот Перуџа кога во локален бар по вербална расправија настаната поради фотографија настанала физичка пресметка која се префрлила на улица. Во тепачката учествувале и неколку романски државјани.
Ситуацијата дополнително се влошила кога двајца од учесниците се обиделе да побегнат со автомобил, при што со голема брзина удриле 27-годишен македонски државјанин кој се здобил со повреди на нозете.
Италијанската полиција соопшти дека возачот и сопатникот побегнале од местото на настанот и по нив се трага.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
