Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Кумановци протестираат против ретроактивна наплата на данок за работа во Ирак и Авганистан
    Економија

    Кумановци протестираат против ретроактивна наплата на данок за работа во Ирак и Авганистан

    26/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Граѓани од Куманово кои со години работеле за американски компании во Ирак и Авганистан денеска одржаа мирен протест на малиот градски плоштад, барајќи од Управа за јавни приходи да ги ревидира известувањата за плаќање персонален данок на доход од 2020 година наваму. Тие нагласија дека протестот нема политичка или партиска заднина, туку е исклучиво граѓански и најавија користење на сите правни механизми.

    Печалбарите посочија дека даночни известувања добиле за период од јуни 2020 година, кога поради пандемијата голем дел од нив воопшто не биле во државата и немало авионски летови. Тие велат дека не се против плаќање даноци, но сметаат дека наплатата е ретроактивна и претставува форма на двојно оданочување, бидејќи даноците, според нив, биле платени во земјата каде што работеле компаниите.

    Како проблем го наведоа и фактот што многумина од нив престојувале повеќе од 183 дена годишно надвор од државата, но од Министерство за внатрешни работи не добиваат потврди за тоа, иако располагаат со пасоши, визи и печати. Дополнително реагираат дека рокот од десет дена за доставување документација е нереален, особено за време на празници.

    Протестирачите истакнаа дека заработените средства ги вложиле во Македонија – во изградба на куќи и станови, образование на децата и започнување бизниси, нагласувајќи дека станува збор за легално заработени пари. Тие побараа од Министерство за финансии и УЈП да ја стопираат постапката додека компаниите не издадат соодветни потврди, како и МВР да им ги издаде бараните уверенија.

    „Не бараме амнестија и не бегаме од обврските, бараме дијалог“, порачаа кумановци, најавувајќи продолжување на постапката по правен пат. Според нив, вакви даночни решенија добиле меѓу три и четири илјади лица, со износи од 200 евра па нагоре, во зависност од позицијата што ја имале.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.