„Околу 6 милијарди евра по основ на земени еврообврзници од владите на СДСМ и ДУИ треба да врати нашата Влада во својот 4-годишен мандат”, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на нови возила за МВР.
Тој додаде дека веќе оваа година била вратена една еврообрзница подигната од претходните влади во вредност од 500 милиона евра, а дека секоја следна година ќе достасува нова.
„Но граѓаните и бизнисот да бидат спокојни, исто како што нема во Македонија мигранти, исто како што нема криза, така средствата се обезбедени, ликвидноста е гарантирана, истакна премиерот и додаде дека неговата влада за разлика од претходната прави стратегија како идните генерации да не мора да враќаат многу долгови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
