„Македонија се развива, таа е дом во кој има место за сите луѓе оние кои се тука, но и оние кои заминале надвор. Ни треба секој родум од Македонија кој сака да придонесе за татковината”.
Ова денеска го порача премиерот Христијан Мицкоски на Форумот на повратници во државата што се одржа во Владата. Од таму се праќа заедничка порака за враќање до сите наши луѓе родум од Македонија кои се ширум светот.
Премиерот истакна дека како Влада обврска им е да создадат услови, да обезбедат стабилност, но дека ниту една стратегија, ниту еден план не може да успее без луѓе.
-Затоа гласно порачуваме дека ни треба секој Македонец кој сака да придонесе за татковината. Испраќаме порака за враќање до сите наши луѓе родум од Македонија кои се ширум светот. Ве разбираме, ве почитуваме и вратите ви се широко отворени, рече тој.
