Во пресрет на празниците, Агенцијата за храна и ветеринарство спровела вонредни инспекции за контрола на безбедноста на новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници.
Генерално, за разлика од лани кога беа откриени производи со поминат рок, 262 инспекциски контроли покажале дека пакетчињата годинава се безбедни. АХВ констатирала само минимални пропусти од типот на несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и некомплетни декларации.
Инспекторите издале 4 решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.
