Државниот завод за ревизија во работењето на Министерството за економија и труд за 2024 година утврдила несоодветно постапување при процесирањето
на прекршочните предмети, управувањето со јавните набавки, ИТ безбедноста и друго.
Утврдено е несоодветно постапување на Одделението за прекршочна, судска и управна постапка и Прекршочната комисија, па поради настаната застареност на Барањата за поведување на прекршочна постапка, Комисијата донела 1.534 Решенија за запирање на прекршочни постапки, што довело до помалку наплатени приходи во Буџетот на државата во износ од 2.078.000 евра.
Ревизијата исто така истакнува дека во септември 2024 година врз софтверот за прекршочни предмети е извршен неовластен таргетиран напад, што резултирало со целосно губење и неповратност на податоците.
