НСДП со свечена седница на Централниот одбор го одбележа јубилејот 20 години од основањето на партијата. Партијата беше формирана од Тито Петковски, кој заедно со група подржувачи излезе од тогаш матичната партија СДСМ.
Денес партијата е под водство на Горан Мисовски и веќе подолго време е во коалиција со СДСМ поради што многумина проценуваат дека партијата го губи својот идентитет.
Впрочем и оснивачот на партијата – Тито Петковски пред три години по внатрепартиски несогласувања истакна дека „На новото раководство на НСДП не му требаат непријатели, самото ќе си ја растури партијата”.
Останува да се види како оваа партија ќе го прослави наредниот јубилеј – 25 години.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
