Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
    Политика

    Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

    17/12/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, попладнево ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе претставува можност за демонстрирање и потврда на силата на стратешкиот однос меѓу Унијата и регионот и придобивките што тој ги носи за граѓаните.

    На Самитот, со кој ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, покрај премиерот Мицкоски, ќе учествуваат и лидерите на останатите пет земји кандидати или аспиранти за членство во Унијата од Западниот Балкан, како и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

    Главни теми на собирот ќе бидат стратешко партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, постепената интеграција во Унијата и Планот за раст на регионот, како и надворешните работи, безбедноста и одбраната.
    Како што најави Советот на ЕУ, предвидено е на крајот од Самитот да биде објавена декларација и од партнерите од Западниот Балкан се очекува да се усогласат со неа.

    Според најавата, Самитот ќе ја означи важноста на политичките и економските односи меѓу ЕУ и партнерите од Западниот Балкан, особено во сегашниот геополитички контекст и потребата од сè посилни врски меѓу Унијата и регионот.

    – ЕУ ќе ја потврди целосната и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западниот Балкан, како и на постигнатиот напредок во процесот на проширување, што е одразен во најновиот извештај на Комисијата. На самитот ќе се нагласи важноста од видлив напредок во реформите, усогласувањето со европското законодавство, регионалната соработка, добрососедските односи и помирувањето, се додава во најавата.

    Во неа натаму се нагласува дека ЕУ е посветена на приближување на партнерите од Западниот Балкан кон неа уште за време на процесот на проширување.
    – Нивната постепена интеграција е во тек во неколку области на политиката, подготвувајќи ја основата за пристапување и носејќи конкретни придобивки за граѓаните, посочува ЕУ.

    Се очекува на состанокот ЕУ да го поздрави конкретниот напредок во постепената интеграција на партнерите од Западниот Балкан, особено преку Планот за раст на регионот лансиран во 2023 година, со цел дополнително да ги интегрира западнобалканските земји во единствениот европски пазар, да ја унапреди регионалната економска соработка, како и да ги стимулира потребните реформи поврзани со пристапувањето кон блокот, за што се обезбедени шест милијарди евра наменети за реформски процеси и инвестиции.- Планот за раст има потенцијал да го забрза економскиот раст на регионот во текот на следната деценија и да ја зајакне социоекономската конвергенција помеѓу Западниот Балкан и ЕУ, под услов партнерите да ги спроведат реформите поврзани со пристапувањето кон Унијата. ЕУ е примарен и најсигурен партнер на Западниот Балкан. Таа е главен трговски партнер, инвеститор и донатор на регионот, се додава во најавата.
    Во неа натаму се наведува дека лидерите на ЕУ и на Западниот Балкан се обединети во нивната непоколеблива поддршка и солидарност со Украина.

    – Европската Унија ги поздравува оние партнери од Западниот Балкан кои веќе се целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и охрабрува понатамошни усогласувања од страна на оние кои сè уште не го сториле тоа, се нагласува во најавата на Самитот.

    Предвидено е лидерите да разговараат и за соработката во областите на безбедноста, одбраната, отпорноста на хибридни и кибер закани и борбата против странското мешање и дезинформациите.
    – ЕУ и Западниот Балкан имаат заедничка одговорност за справување со заедничките предизвици. Тие ќе разговараат и за активностите и заедничките напори во клучните области: менаџирањето на миграцијата, визната политика, борба против трговијата со луѓе, управувањето на границите и борбата против корупцијата, трговијата со дрога и организираниот криминал и спречувањето и борбата против тероризмот и насилниот екстремизам, се додава во најавата за Самитот.

    Ваквите Самити се предвидени со Стратешката агенда на Европскиот совет за периодот 2024-2029 година и редовно се одржуваат од 2018 година. Претходниот Самит ЕУ-Западен Балкан се одржа лани во декември во Брисел, а следниот е предвиден за во јуни 2026 година во Црна Гора.
    Инаку, за време на посетата на Брисел, премиерот Мицкоски е придружуван од министрите за надворешни работи и за надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашање Орхан Муртезани.

    Поврзани вести:

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборите во Брвеница покажаа пад на довербата во СДС

    ВМРО-ДПМНЕ: Изборите во Брвеница покажаа пад на довербата во СДС

    СДСМ: Работниците едвај ги покриваат трошоците, потрошувачката кошница над 70 илјади денари

    СДСМ: Работниците едвај ги покриваат трошоците, потрошувачката кошница над 70 илјади денари

    Собранието и МАНУ денеска ќе потпишат колективен договор

    Собранието и МАНУ денеска ќе потпишат колективен договор

    Собраниски комисии денеска за измените на Законот за приватизација на градежно земјиште

    Собраниски комисии денеска за измените на Законот за приватизација на градежно земјиште

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    Левица: Економската стабилност за која зборува Владата не се гледа во секојдневниот живот на граѓаните

    Мицкоски: Следната година нов повик за општините, Чешиново-Облешево со нови проекти

    Мицкоски: Следната година нов повик за општините, Чешиново-Облешево со нови проекти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.