На утрешната пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Сѐ уште не е пратена покана до Коцевски дека на утрешната седница на дневен ред ќе биде ставено неговото разрешување, но таа би требало да му биде доставена во текот на денов.
Владата минатата недела одлучи да ја продолжи постапката за разрешување по што предлогот беше испратен до Собранието.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
