Македонија пред десетина години беше меѓу лидерите во Европа во процесот на дигитализација. Но, владите на СДСМ и ДУИ на тој процес не му придаваа големо значење.
Сегашната Влада се обидува да ја врати државата на патот за дигитализација. Еден од тие обиди е и воведувањето на системот „е-фактура”, чиј старт УЈП го најави за по Нова година. Ефектите треба да бидат големи.
Пред се ќе се намали ризикот од злоупотреби и фиктивни фактури и ќе се зајакне даночната контрола. Воедно ќе се намали и трошокот на компаниите за печатење и достава на фактурите, но и ќе се зголеми ефикасноста за наплата на побарувањата.
Инаку, се најави и воведување на единствен електронски број на граѓанинот, нешто што Македонија одамна требаше да го имплементира. Секој граѓанин ќе си добие и своја официјална електронска адреса, преку која во иднина ќе може да испраќа и добива документи.
Сето ова е надежен рестарт кон дигитализацијата на земјата. Оти нашите соседи почнаа со користење на дигитални возачки дозволи и лични карти.
.
