Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Министерството за енергетика го објави списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија
    Република

    Министерството за енергетика го објави списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

    05/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е завршена постапката за обработка, евалуација и верификација на сите пристигнати пријави за финансиска поддршка преку Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година. По деталните проверки спроведени од комисиите и вкрстувањето на податоците со надлежните институции, јавно e објавен списокот на сите лица и домаќинства кои се стекнаа со право на субвенција.

    Решенија за финансиска поддршка, како што посочуваат од Министерството, се донесени за следните категории: домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, домаќинства со едно или повеќе лица со најтешка телесна попреченост, домаќинства со едно или повеќе потполно слепи лица и домаќинства со едно или повеќе потполлно глуви лица.

    Комисиите ја завршија постапката на увид и проверка во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Управата за јавни приходи и ЕВН Македонија. Согласно резултатите, утврдени се корисниците кои ги исполнуваат критериумите предвидени со Програмата, при што субвенцијата ќе се пресметува како месечно намалување на сметката за електрична енергија во износ од 1.000 денари, во траење од 12 месеци сметано од денот на поднесување на барањето.

    Објавениот список е достапен на веб-страницата на Министерството за енергетика (www.energy.gov.mk).

    https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/za-potrosuvacka-na-energija

    Од Министерството потсетуваат дека неплаќање на две последователни сметки за електрична енергија доведува до укинување на решението за финансиска поддршка, согласно правилата на Програмата.

    -Финансиската поддршка се распределува според принципот најниски приходи и согласно определените буџетски средства. Програмата за 2025 година, која обезбедува вкупно 42.300.000 денари државна поддршка, има за цел да обезбеди достапна и сигурна енергија за домаќинствата кои се соочуваат со енергетска сиромаштија, со особен фокус на лицата со попреченост и корисниците на гарантирана минимална помош. Дополнително, мерките опфаќаат и ослободување од трошоци за повторно приклучување, приоритетно отстранување на дефекти и заштита од исклучување во зимскиот период, се наведува во соопштението.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како што се додава во соопштението, останува целосно посветено на унапредување на енергетската сигурност и социјалната заштита на граѓаните.

    Поврзани вести:

    Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нов шеф на ОЈО ГОКК

    Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нов шеф на ОЈО ГОКК

    Повторно приведена жена од Кратово по пријава за наплата на влезници кај „Камени кукли“

    Повторно приведена жена од Кратово по пријава за наплата на влезници кај „Камени кукли“

    Мицкоски очекува добра соработка со новите власти во Србија, фокус на економијата

    Мицкоски очекува добра соработка со новите власти во Србија, фокус на економијата

    Фертилитетот во Македонија опаѓа, но го следи европскиот тренд

    Фертилитетот во Македонија опаѓа, но го следи европскиот тренд

    Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје

    Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје

    Министерството за животна средина воведува пет дигитални платформи за поголема транспарентност

    Министерството за животна средина воведува пет дигитални платформи за поголема транспарентност

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    енергетика министерство
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нов шеф на ОЈО ГОКК

    28/10/2026

    Повторно приведена жена од Кратово по пријава за наплата на влезници кај „Камени кукли“

    28/10/2026

    Мицкоски очекува добра соработка со новите власти во Србија, фокус на економијата

    28/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.