Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“
    Култура

    Јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“

    04/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Проекции на документарни и долгометражни филмови посветени на културното, духовното наследство и хуманоста, како и форуми за хумани вредности ќе понуди 10-то јубилејно издание на Меѓународниот филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“, што ќе се одржи од 5 до 14 декември во Скопје.

    Свеченото отворање на фестивалот е утре, 5 декември, во 19 часот во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

    Се одржува со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и почесниот претседател на фестивалот митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј.

    – Фестивалот годинава одбележува 10 години од основањето. Посветен е на духовните, хумани и културни вредности и е единствен од ваков жанр во државава. За време на фестивалот ќе имате можност да се поклоните на чудотворната икона на Пресвета Богородица „Небесна Царица“ која митрополитот преспанско пелагониски г. Петар, ја отстапи од Битола во Соборниот храм да се целива во чест на фестивалот „Богородичен покров“. Влезот е слободен, а учеството треба да се пријави на мејлот bogorodicenpokrov@gmail.com. На секој кој ќе испрати мејл по завршување на фестивалот ќе му бидат споделени во електронска форма цитати од Божјите ветувања за исцеление запишани во Библијата и во псалмите кои се исцелителни молитви, вели во најавата основачот и директор на фестивалот Зорица Костовска.

    По свеченото отворање, фестивалската програма на 5 декември ќе стартува со проекција на рускиот документарен филм „Воведение во храмот“, во продукција на „Студио неофит“. Филмот во времетраење од 38 минути го истражува потеклото и духовното значење на празникот и историјата и традициите на овој патронен празник на манастирот на Оптинската пустина.

    На 6 декември во соборниот храм „Свети Кимент Охридски“ во 16 часот ќе се одржи форум за хуманитарни вредности „Знаењето е здравје“, по што ќе биде прикажан документарниот филм „Успение на Пресвета Богоридца“, во времетраење од 39 минути. Филмот е снимен во Псковско-Печевскиот манастир, наречен „Свето Успение“ и е посвеен на Успението на Мајка Богородица, познат и како „Велигден на Богородица“.

    На фестивалската програма во наредните денови се долгометражниот филм „Варава“, документарецот „Раѓање на Богородица“, документарно-играниот филм „Светиот Арипелаг“, како и документарците „Приказни од Атос“, „Стела“, „Доброчинител“, за кои проекциите ќе бидат на Европскиот универзитет во Скопје.

    На затворањето на фестивалот, на 14 декември ќе биде прикажан долгометражниот игран филм „13-от ДЕН“, историска драма во продукција на „13 DAY“ Films од Обединетото кралство.

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Богородичен покров проекции филмски фестивал
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    19/09/2026

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    18/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.