Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Разговор со Тонев, главен инженер за безбедност во „Булмак 2016“:Во рудник секој влез почнува со обука за безбедност
    Економија

    Разговор со Тонев, главен инженер за безбедност во „Булмак 2016“:Во рудник секој влез почнува со обука за безбедност

    03/12/20256 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Првиот чекор во подземен рудник никогаш не е директно кон јамата. Првиот чекор е кон обуката, независно дали станува збор за млад практикант, студент на магистерски студии, нов вработен, инженер, надворешен изведувач или гостин кој само накратко ќе прошета низ погоните. Никој не влегува во Рудникот Злетово без да ги помине правилата за безбедност. Дејанче Тонев, Главен инженер за безбедност и заштита при работа во „Булмак 2016“ објаснува дека во рудникот обуката не е формалност за да се потпише лист хартија, туку процес секој посетител да се запознае со рудникот и како да се движи во него.

    „Не е важно дали е еднодневна посета секој добива јасен брифинг за лежиштето Злетово, за движењето низ јамските простории, за личната заштитна опрема и основните ‘не смееш“, односно не допирај кабли, вентили, прекинувачи, слушај ги ознаките и водичот. За надворешните изведувачи и оние што ќе работат во рудникот, обуката е подетална – со конкретни процедури по работно место, правила за работа со механизација и јасно објаснети протоколи во случај на незгода“, објаснува Дејанче Тонев, Главен инженер за безбедност и заштита при работа во „Булмак 2016“ кого го запознавме за време на обука на млади практиканти во рудникот.

    „Посебен фокус во нашето работење се младите. Редовно доаѓаат студенти и практиканти од средните училишта во Пробиштип – од машинската и од рударско-геолошката струка. Тие добиваат свои ментори, машински електро, рударски и геолошки инженери, кои ги водат низ реалните процеси од истражувања и откопување, до транспорт, флотација и одржување на механизацијата. Теоријата брзо се претвора во практика на кругот на рудникот, каде секој млад човек учи не само како се вади рудата, туку и како тоа да се прави безбедно, со почит кон правилата на рудникот и кон тимот. Се запознаваат со правилна употреба на личната заштитна опрема (ЛЗО) што задолжително им се доделува, правилата за движење низ јамските простории и однесувањето во близина на рударската механизација и инсталациите“, објаснува Тонев.

    На просторот меѓу Кратово и Злетово во западните делови на Осоговскиот планински масив во северно источна Македонија, се наоѓа злетовското рудно наоѓалиште на подземниот рудник Злетово, кое денес работи со две извозни окна. Првото е наменето за транспорт на руда и одводнување и Окно 3 кое е наменето за транспорт на луѓе и материјали. Со Тонев разговаравме и за мерките што се преземаат за заштита на рударите во рудникот, каде оловно – цинкова руда се експлоатира подземно, како и во Флотацијата во Пробиштип, каде се добива оловниот и цинков концетрат.

    „Во сите рудници безбедноста е на прво место. Секоја работа која е завршена на небезбеден или ризичен начин се смета дека е завршена неуспешно. Не смее да се кратат постапките или начинот на кој е опишано по упатството за таа работна операција. Пред почетокот на смената вработените прават примопредавање и од аспект на безбедност на тоа работилиште. Работоводителот или сменскиот инженер за производство во јама укажуваат ако постојат ризиците при извршување на работните задачи како и на што да обрнат посебно внимание од аспект на безбедност. Доколку се применуваат упатствата за работа од аспект на безбедност од збирката на упатства за секое работилиште, тогаш безбедноста при работењето е на многу високо ниво и повредите воопшто не се случувааат. Во нашата компанија цел ни е нула повреди при работењето“, потенцира Тонев.

    Експлоатацијата на рудата во Злетово се изведува под земјата. Уште при отварањето на рудното лежиште на рудникот, разработени се хоризонти, односно тоа се надморски висини на кои се разработени хоризонталните рударски простории. Хоризонт 625 е платото каде што се наоѓа управната зграда и другите помошни згради како Електро работилница, Машинска работилница, ковачница, магацин и други. „На хоризонт 560 ја транспортираме целата откопана руда од рудникот до флотацијата во Пробиштип и сега во моментов сме на хоризонт 300 и работиме на разработка на рударски простории кои се неопходни заради изработа на нови работилишта за експлоатација на оловно цинковата руда“, објаснува Тонев.

    Соодветно и рударите следат посебен протокол со правила за безбедност и заштита во работата, користат соодветна опрема, а и во самиот рудник воведени се посебни мерки кои рударот мора да ги почитува.

    „Во рударството, како и во секоја друга компанија вработените ја представуваат најголемата вредност. Тие се движечката сила која што управува со машините и технолошките процеси. Колку повеќе се инвестира во вработените, во знаење при самото работење, секако тоа ќе да биде безбедно и сигурно место за вработените. Мора да се води сметка и за опремата која представува основна алатка со помош на која се врши безбедна екплоатацијата на минералнитите ресурси. Нашата компанија ‘Булмак 2016’ организира обуки во други рудници во државата и во странство се со цел за усовршување и примена на најдобри достапни техники, како и зголемувањето на безбедноста и сигурноста при работењето како на вработените така и на опремата. Овие обуки се организираат за сите вработени од најмлади рудари до најискусните рудари, истото важи и за инженерите од сите струки кои го опслужуваат работењето на рудникот“, објаснува Тонев.

    Компанијата има склучено договор со компанија која врши периодични здравствени прегледи за секој од вработените, како и обуки од аспект на безбедност и заштита при работа.

    Впрочем и процесите во рудникот се осмислени на начин да го заштитат здравјето на рударот и да овозможат безбедност на работното место.

    „Операцијата дупчење се изведува со дупчалки кои работат со помош на компримиран воздух, при што се јавува бучава од која нашите вработени се заштитени со специјални тампони кои се ставааат во отворот на ушите за да се заштитат слухот. За да спречиме појава на прашина, дупчењето се одвива со вода. При утоварот на рудата користеме два типа на утоварно транспортната лопати и тоа електрохидраулична лопата и утоварна лопата која е придвижувана со помош на дизел мотор кој е прилагоден за работа во подземни услови со разни видови на филтери кои овозможуваат непречена и безбедна работа во подземни услови. При утовар на рудата бидејќи е влажна рудата, прашината е сведена на минимум. Прашината може да се јави на претоварните места ако имаме сува руда и на тие места нашите вработени задолжително употребуваат специјални заштитни маски за заштита од прашината. Има и делови во процесите кои ги вршат исклучиво искусни рудари, што е дел од мерките и правилата за заштита на рударот“, вели Тонев и дополнува дека од аспект на заштитна опрема се набавува квалитетна опрема што ги исполнува високите стандарди.

    Во рудникот на „Булмак 2016“ се користи Збирка на упатства и мерки за безбедност при работа за применетиот технолошки процес на подземна експлоатација и минерална технологија на олово – цинкова руда од лежиштето Злетово Пробиштип, која е изработена во Декември 2023 година во Пробиштип. Оваа збирка ги содржи сите работни места со детален опис како да се постапува за работата биде безбедно завршена и ја добива секој вработен во рудникот.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.