Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Ретроспектива на Марк Рапапорт во Кинотека
    Култура

    Ретроспектива на Марк Рапапорт во Кинотека

    21/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кинотеката на Македонија, во соработка со Ми Филм, од утре до 27 ноември ќе организира ексклузивна ретроспектива посветена на американскиот режисер, сценарист и пионер на експерименталниот есеистички филм – Марк Рапапорт. Ретроспективата ќе опфати секојдневни проекции со почеток во 20 часот.
    -Рапапорт е еден од најоригиналните автори на независната киносцена, познат по својот уникатен пристап кон документарниот и играниот филм, своите револуционерни видеоесеи, како и по способноста да ги преосмислува историјата на филмот, актерските митологии и културните артефакти на Холивуд и Европа. Неговите филмови се прикажувани на најголемите фестивали во светот, а оваа ретроспектива претставува ретка можност македонската публика да види значаен дел од неговиот опус на големо платно, соопшти Кинотеката.

    Посочува дека рестроспективата ја истражува неговата фасцинација со историјата на филмот, митологијата на холивудските ѕвезди, фикцијата, архивата, и односот меѓу перцепцијата и идентитетот.

    -Рапапорт сè уште останува уникатен глас во современиот филмски есеј – вешто комбинирајќи архиви, интерпретација, фикција и поп-култура за да создава дела што долгорочно резонираат. Оваа ретроспектива претставува исклучителна можност домашната публика да се запознае со еден од најзначајните независни автори на нашето време, наведува Кинотеката.

    Како посебен настан во рамки на ретроспективата, во еден од деновите ќе биде организиран видеоразговор со Марк Рапапорт, по кој ќе следува сесија на прашања и одговори со публиката.

    -Тоа е единствена шанса домашната публика директно да комуницира со авторот, да поставува прашања и да отвори разговор за процесот, естетиката и филмските идеи што го обликуваат неговиот опус. Публиката исто така ќе има можност да ја купи неговата последна арт-книга со колажи, Book of Dreams — лимитирано издание печатено во Македонија, веќе претставено на меѓународни фестивали и книжарници, се наведува во соопштението.

    Ретроспективата утре ќе биде отворена со документарниот филм од 2015 – „Јас, Далио“ и по него проекцијата на играната драма „Сценична рута“ од 1978 година.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    кинотека Марк Рапапорт
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.