Мерката за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом воведува Општина Аеродром.
„Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Аеродром, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом“, соопштија од Општината.
Мерката беше донесена на првата седница на новиот состав на Советот по завршувањето на локалните избори.
„Ова е вистински ветар в грб, значајно олеснување и голема поддршка за најубавиот животен почеток,“ напиша градоначалникот Дејан Митески
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
