Започна комисиската расправа за Буџетот 2026 во Собранието. Ќе се
разгледуваат околу 200 амандмани поднесени од пратеници.
Во новиот буџет, предложен од Владата предвидени се приходи од околу 6,1
милијарда евра и расходи од приближно 6,7 милијарди евра. Економскиот раст е проектиран на 3,8 отсто, со инфлација од 2,5 проценти.
За ВМРО-ДПМНЕ буџетот претставува мотор за развој, ќе отвора нови работни места и ќе се градат инфраструктурни проекти.
За СДСМ и Левица во буџетот гледаат купување на социјален мир, без
можност за раст и развој.
Комисиските расправи ќе траат и следната недела, а се очекува на пленарна седница да биде поставен на 9 декември
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
