Три месеци по трагедијата во Кочани поднесено е обвинение за 34 физички и три правни лица за повеќе кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Тие предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди, изјави на прес-конференција државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Според него, тие свесно непостапувале според прописите и техничките правила за заштита.
Издадена е наредба за истражна постапка и против 13 полицајци поврзани со случајот.
Првично со истрагата беа опфатени 47 физички и 3 правни лица. Поради немање доволно докази, за 11 лица постапката се запира, еден од осомничените во меѓувреме почина, а за еден постапката е во прекин поради неговата здравствена состојба.
Според Коцевски, доколку во иднина се обезбедат докази, постапката може да продолжи за оние за коишто е запрена, а не се исклучува можноста со истрагата да бидат опфатени и други лица.
Во обвинението на 40 страници се опфатени доказните материјали коишто ги обезбеди тимот на обвинители коишто работеа на случајот во изминатите неколку месеци. Истражните дејствија на обвинителите ги потврдиле првичните сомнежи дека објектот не исполнувал ниту минимални услови за работа, не бил предвиден за дискотека, ги немал потребните елаборати и лиценци за работа, ниту пак бил безбеден за посетителите. Бил граден со несоодветни лесно запаливи материјали, а во објектот не бил испочитуван ниту еден пропис за излезите за евакуација и за противпожарна заштита.
Со обвинението е опфатен сопственикот на објектот во кој функционирал клубот, неговиот брат кој бил одговорен за продажба на влезници, сопственичка на фирма од Кочани која незаконски изготвила основен проект за пренамена на објектот, тројца градежни инспектори од Кочани, како и тројца градоначалници на Кочани во периодот од 2012 до 2025 година. Обвинение е поднесено и против управител на агенција за обезбедување од Скопје и четири лица од обезбедувањето. Против реалниот сопственик на агенцијата, продолжува истрагата којашто беше отворена пред неколку дена.
-На критичниот ден не контролирале и овозможиле влез и присуство на малолетни лица во објектот по полноќ, а исто така не го спречиле внесот и користењето на експлозивни материи – пиротехнички средства од страна на членови на музичката група ДНК со кои бил предизвикан пожарот, се вели во обвинителниот акт.