СВЕТОТ на познати личности често се соочува со скандали кои ја замаглуваат линијата помеѓу приватниот и деловниот живот. Обвинувањата за недолично однесување, расизам или оштетување на угледот можат да ги запрат дури и најуспешните кариери преку ноќ, а продукциските компании честопати прибегнуваат кон драстични мерки. Многу актери на тој начин останаа без улогите што ги направија познати.
Крис Норт
Кариерата на Крис Нот, најпознат како г-дин Биг, од серијата „Сексот и градот“, одеднаш потона во 2021 година откако повеќе жени го обвинија за сексуална злоупотреба – обвинувања што тој сè уште жестоко ги негира.

Додека обвинувањата станаа јавни, неговиот лик веќе беше „отстранет“ во првата епизода од продолжението „И токму така…“, што беше планирано во сценариото. Но, само неколку недели по емитувањето, две жени излегоа со тврдења дека Норт ги нападнал, едната во 2015 година, а другата во 2004 година. Наскоро, уште две жени излегоа со обвинувања. Претставникот на Норт ги нарече сите обвинувања „категорично лажни“.
Скандалот имаше непосредни последици: Норт беше отпуштен и од серијата „The Equalizer“. Иако признал дека и бил неверен на својата сопруга, тој жестоко негирал какво било кривично дело. „Ја изневерив сопругата и тоа ѝ предизвика многу болка. Но, тоа не е кривично дело“, изјавил тој за „USA Today“. Додал дека со години го рационализирал своето однесување: „Си велев дека тоа е само мала авантура, дека нема да повреди никого и дека никој нема да открие“.
Кевин Спејси
Кевин Спејси беше исфрлен од последната сезона на хитот на Нетфликс, „Куќа од карти“ во 2017 година, откако неколку мажи го обвинија за сексуално вознемирување.

Актерот Ентони Рап беше првиот што јавно се огласи, тврдејќи дека Спејси го злоставувал кога имал 14 години. Нетфликс брзо ја прекина соработката, го откажа филмот во кој требаше да глуми, а промотивните постери на серијата беа заменети со верзија во која остана само Робин Рајт.
Тој беше отстранет и од филмот „Сите пари на светот“, а продуцентската куќа MRC добила пресуда според која Спејси треба да им плати речиси 31 милион долари отштета. Минатата година била постигната спогодба во износ од еден милион долари. Во меѓувреме, Спејси беше ослободен од сите девет обвиненија на суд во Лондон.
Чарли Шин
Чарли Шин беше отпуштен во 2011 година по серија јавни испади и навреди против креаторот на „Два и пол мажи“, Чак Лоре. Неговите борби со зависноста и отсуството од работа веќе беа проблем, само кратко време пред да стане најплатениот телевизиски актер со 1,8 милиони долари по епизода.
Интервјуто во кое жестоко го нападнал Лоре прекипело, Warner Bros веднаш го отпуштил и го заменил со Ештон Качер. Шин и Лоре не разговарале со години, сè до 2023 година кога ги средиле работите и повторно работеле заедно.
Роузан Бар
Роузан Бар ја загуби својата серија „Роузан“ во 2018 година по расистички твит во кој ја спореди поранешната советничка на Обама, Валери Џарет, со ликовите од „Планета на мајмуните“. ABC веднаш ја отпушти, а Холивуд ѝ ги затвори вратите. Бар се обиде да се оправда тврдејќи дека не знаела дека Џарет е Афроамериканка и дека го напишала твитот под дејство на апчиња за спиење.

И’ покрај извинувањето, серијата беше откажана и продолжи како спин-оф „Конерс“, во која нејзиниот лик почина во првата епизода – од случајно предозирање со опиоиди.
Ноел Кларк
Sky во 2021 година го откажа „Bulletproof“ откако актерот и ко-креатор Ноел Кларк бил обвинет од 20 жени за сексуално вознемирување и недолично однесување помеѓу 2004 и 2019 година. Кларк ги негирал сите обвинувања и им се извинил на сите што „можеби се чувствувале непријатно“, но одбил да признае каква било злоупотреба.
Тој го тужеше „The Guardian“ за клевета – и загубил.

Ноел Кларк (десно на фотографијата)
Џони Деп
Скандалите не ги заобиколија ниту филмските франшизи. Во 2020 година, на барање на Warner Bros, Џони Деп морал да ја напушти својата улога во „Фантастични ѕверови“ поради нарушен углед поради правна битка со Амбер Херд. Откако изгуби тужба во Велика Британија во која беше наречен „злоставувач на жени“, студиото одлучило да ја прекине соработката.

Неговиот лик на Гринделвалд го презел Мадс Микелсен. Иако многумина предвидуваа крај на неговата кариера, по победата на Деп на судењето за клевета во САД во 2022 година, неговата кариера се опоравува – тој се врати во филмот „Jeanne du Barry“, го обнови својот милионски договор со Диор и ја доби главната улога во новата адаптација на „Божиќна приказна“ од Дикенс.
Фото: Принтскрин/Instagram
