Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»(ФОТО) По прв пат на македонската сцена – Премиера на претставата „Варвари“ од Горки во режија на Владимир Милчин
    Култура

    (ФОТО) По прв пат на македонската сцена – Премиера на претставата „Варвари“ од Горки во режија на Владимир Милчин

    12/11/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонскиот народен театар со гордост ја најавува премиерата на претставата „Варвари“ – дело на големиот руски писател Максим Горки, во режија на проф. Владимир Милчин. Премиерата ќе се одржи на 13 ноември, а следната изведба е закажана за 14 ноември 2025 година.
    Во оваа амбициозна сценска постановка учествува импресивна актерска екипа:
    Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа Насевска-Трифуновска, Владо Јовановски, Григор Јовановски, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Тања Кочовска, Александар Микиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Јордан Симонов, Сашка Димитровска, Емил Рубен, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ивица Димитријевиќ, Александар Михајловски, Јана Вељановска и Стефан Спасов.
    Голем дел од актерската екипа се поранешни студенти на режисерот Милчин, што му дава на проектот дополнителна уметничка димензија.

    „Во годината кога МНТ одбележува 80 години од постоењето, горд сум што за првпат во историјата на македонскиот театар, делото „Варвари“ ќе оживее токму на оваа сцена. И уште повеќе, благодарен што професорот Владимир Милчин го стави својот режисерки печат токму на оваа претстава. Благодарен сум на актерите, кои под палката на Милчин, безрезервно се дадоа во процесот на подготовките, како и на тимот зад сцената. И сите заедно успеаја да го материјализираат овој театарски подвиг – за првпат да ги погледнеме Варвари на нашата сцена.“, изјави на денешната средба со медиумите, директорот на МНТ, Никола Кимовски.

    Делото „Варвари“ за првпат се поставува на театарска сцена во Македонија. Напишана во 1906 година, драмата на Горки се занимава со длабоки социјални и морални конфликти на почетокот на 20 век во Русија, преку судирот меѓу старото и новото, традицијата и модерноста, човечноста и бездушниот технички напредок.
    Главните ликови — интелектуалци, инженери, работници и обични луѓе — се поставени пред морални дилеми што ги откриваат нивните најдлабоки човечки слабости и противречности.
    Како автор, Максим Горки останува извонредно современ и во 21 век. Неговите дела, меѓу кои и „Варвари“, се остра критика на лажната цивилизација и моралната корупција што ги носи капитализмот. Преку инженерите Черкун и Циганов, симболи на „железната“ Русија, која ја уништува човечноста на „дрвената“, Горки поставува суштинско прашање — дали напредокот има смисла ако не е заснован на морал и совест.
    Наспроти нив, студентот Лукин ја олицетворува немоќната интелигенција, која ја согледува неправдата, но не наоѓа сила да ѝ се спротивстави.

    „Земајќи предвид дека драмата била забранета да се изведува дури и во Русија, матичната земја на Горки, па затоа нè е ни чудно што за првпат се изведува во Македонија.“, рече професорот и режисер, Милчин.
    И денес, повеќе од еден век подоцна, Горкиевите „варвари“ нè потсетуваат дека вистинскиот напредок е невозможен без човечност.
    Креативниот тим на претставата го сочинуваат: сценограф – Беди Ибрахим; костимограф – Марија Пупучевска; преводот на текстот го направија Ема Марковска Милчин и Владимир Милчин; aсистент на режисерот е Шенај Мандак; асистенти на сценографот се Бојана Исијанин и Мартин Манев; асистент на костимографот е Ангела Богеска; изборот на музиката е на Владимир Милчин; извршни продуценти се Виктор Рубен и Симона Угриновска.

    По премиерата следи коктел и забава со диџеј Шурбе.

    Фотограф: Кире Галевски

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    варвари владимир милчин горки македонија македонски народен театар прв пат премиера
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    03/10/2026

    Германци и Турци меѓу најчестите гости во Македонија, расте интересот за земјава

    27/09/2026

    Денеска и утре дождливо, од недела повторно затоплување

    25/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.