Од синоќа конечно багери и тешка механизација влегоа и во огромната дива депонија Вардариште. Во рамките на големата акција на новиот градоначалник Ѓорѓиевски, под светла, почна да се чисти површинскиот слој од ѓубре и на оваа скопска локација.
-Во наредниве денови ќе биде ангажирана и компанија која ќе започне процес на одгасување на депонијата, рече синоќа градоначалникот.
Инаку токму од ова место долго време доаѓа големо загадување на воздухот во голем дел од Скопје поради палење на сметот. Поради тој отровен воздух до неодамна имаше повеќедневни протести и блокади на сообраќајници од жителите на Аеродром и Гази Баба.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
